Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/21965
Наслов: | Територија на согласност помеѓу современата и православната педагогија во однос на духовното образование | Other Titles: | Годишен зборник, Книга 20 | Authors: | Aneta Jovkovska | Keywords: | образование, духовност, духовен развој, позитивна и негативна духовност, вредности | Issue Date: | 2015 | Publisher: | Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје | Source: | Јовковска, А. „Територија на согласност помеѓу современата и православната педагогија во однос на духовното образование“, Годишен зборник, Книга 20, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, Скопје, 2015, (219- 236). | Abstract: | Духовното образование може да се разгледува како феномен кој ја определува смислата на животот на човекот во светот и ја открива и реализира човековата суштност. Методолошкиот инструментариум за истражување на духовното образование е застапен во концептуалните ставови на феноменолошкиот пристап, херменевтиката и егзистенцијализмот кои можат да бидат поврзани со теолошкиот пристап, а исто така и со принципот антиномичност - дијалогичност. Духовното образование како феномен, како појава и како дејност се проучува и во контекст на хуманитарната педагошка парадигма, каде што образованието е разбрано како „начин на живеење“, а главната цел е негувањето на „човековите квалитети“ – духовноста, што дозволува да се појави „територија на согласност“ помеѓу научната и православната педагогија во сферата на духовното образование. Идентификуваните значајни карактеристики на духовното образование претставуваат „територија на согласност“ помеѓу научната и православната педагогија. Тие можат условно да бидат поделени во четири групи: карактеристики кои го одразуваат односот на човекот кон вредностите; карактеристики кои ги откриваат особеностите на човековото постоење во културата; карактеристики поврзани со индивидуалниот свет на човекот и оние кои го карактеризираат односот на човекот кон Другиот. Заедно со значајните карактеристики на духовното образование постојат и карактеристики кои се специфични за разбирањето на духовното образование во православната педагогија. Можноста за нивно вклучување кон научно-педагошките знаења зависи од улогата која ја имаат во нивната религиозна компонента. Од оваа гледна точка, православната педагогија го разбира духовното образование како пат за спасение на душата. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/21965 |
Appears in Collections: | Faculty of Theology: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Анета Јовковска-Територија на согласност помеѓу научната и православната педагогија во однос на духовното образование.pdf | 584.18 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.