Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21966
Title: Основи и принципи на православната христијанска педагогија
Other Titles: Годишен зборник, Книга 19
Authors: Aneta Jovkovska
Keywords: образование, религија, духовност, вредности, православна педагогија, принципи
Issue Date: 2013
Publisher: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје
Source: Јовковска Анета, „Основи и принципи на православната христијанска педагогија“, Годишен зборник, Книга 19, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје, Скопје, 2013, (---).
Abstract: Концептот на модернизација на образованието предлага сеопфатна и темелна модернизација на образовниот систем како стратешка насока. Притоа се нагласува потребата за негување на најдобрите традиции и користењето на богатото образовно искуство. Законските акти кои ги регулираат односите во образованието, кое има секуларен карактер, јасно нагласуваат дека Црквата е одвоена од државата, но сепак, таа не е одвоена и од општеството. Теоретско-методолошките основи на православната христијанска педагогија содржат значаен потенцијал за реализација во современиот педагошки простор и се соодветни на принципите од хуманистичката ориентираната образовна парадигма. Тие се релевантни за воспитанието на идните генерации, кои живеат во услови на мултикултурност и мултиконфесионалност. Поради големиот духовно-морален потенцијал на принципите: ненасилство, љубов, слобода и соборност, тие можат да придонесат за развојот на аксиолошките ориентации на адолесцентите во период на развој на едно граѓанско општество и демократска држава. Научно-педагошката анализа ни дозволува да ги идентификуваме принципите на православната христијанска педагогија кои одразуваат различни аспекти на битието и познанието (онтолошки, гносеолошки, антрополошки, аксиолошки, етички и естетски). Тие ги определуваат поимите: Бог, свет, човек, личност, вистина, слобода, љубов, кои се исто така актуелни во современата хуманистички ориентирана образовна парадигма.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21966
Appears in Collections:Faculty of Theology: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

85
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

33
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.