Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/21966
Наслов: | Основи и принципи на православната христијанска педагогија | Other Titles: | Годишен зборник, Книга 19 | Authors: | Aneta Jovkovska | Keywords: | образование, религија, духовност, вредности, православна педагогија, принципи | Issue Date: | 2013 | Publisher: | Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје | Source: | Јовковска Анета, „Основи и принципи на православната христијанска педагогија“, Годишен зборник, Книга 19, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје, Скопје, 2013, (---). | Abstract: | Концептот на модернизација на образованието предлага сеопфатна и темелна модернизација на образовниот систем како стратешка насока. Притоа се нагласува потребата за негување на најдобрите традиции и користењето на богатото образовно искуство. Законските акти кои ги регулираат односите во образованието, кое има секуларен карактер, јасно нагласуваат дека Црквата е одвоена од државата, но сепак, таа не е одвоена и од општеството. Теоретско-методолошките основи на православната христијанска педагогија содржат значаен потенцијал за реализација во современиот педагошки простор и се соодветни на принципите од хуманистичката ориентираната образовна парадигма. Тие се релевантни за воспитанието на идните генерации, кои живеат во услови на мултикултурност и мултиконфесионалност. Поради големиот духовно-морален потенцијал на принципите: ненасилство, љубов, слобода и соборност, тие можат да придонесат за развојот на аксиолошките ориентации на адолесцентите во период на развој на едно граѓанско општество и демократска држава. Научно-педагошката анализа ни дозволува да ги идентификуваме принципите на православната христијанска педагогија кои одразуваат различни аспекти на битието и познанието (онтолошки, гносеолошки, антрополошки, аксиолошки, етички и естетски). Тие ги определуваат поимите: Бог, свет, човек, личност, вистина, слобода, љубов, кои се исто така актуелни во современата хуманистички ориентирана образовна парадигма. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/21966 |
Appears in Collections: | Faculty of Theology: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Анета Јовковска-Основи и принципи на православната христијанска педагогија.pdf | 602.63 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.