Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/24023
Наслов: | Компликации од тонзиларна инфекција кај 79 год. пациент | Authors: | Marolov, M Panev, I Rafajlovski, N Tashkovska E |
Keywords: | Перитонзиларен абсцес Вратна флегмона Тонзилитис |
Issue Date: | 10-ное-2020 | Conference: | 20th Congress of the Macedonian Medical Association in collaboration with Medical Faculty - Skopje | Abstract: | Вовед: Компликациите од инфективните процеси на горниот аеродигестивен тракт доколку не бидат третирани навремено можат да дадат сериозни компликации дури и да го донесат животот на пациентот во ризик. Како компликации од воспаление на палатиналните тонзили меѓу другите може да се јават абсцеси во околните простори (перитонзиларни, парафарингеални итн) како и длабоки вратни инфекции. Длабоките вратни инфекции се карактеризираат со рапидна проглесија и непредвидлив тек. Цели: Сакаме да представиме случај на 79 годишен пациент со акутен тонзилитис , којшто како компликација појавува абсцес во вратна регија и длабока вратна инфекција. Материјали и методи: 79 годишен пациент 48 часа пред хоспитализација за првпат се јавил кај матичен лекар со болка во грло и вратна регија, било администрирано антибиотик (cefixime) и кортикостероид (dexametasone). За само 24 часа општата состојба на пациентот се влошила и истиот бил препратен на специјалист-оториноларинголог од секундарно ниво, каде било констатирано изразен оток субмандибуларно, пропратен со болка при зборење и голтање којшто бил фиксиран и болен на палпација. Пациентот веднаш е препратен во терциерна ОРЛ амбуланта, каде по реализиран преглед е констатирано присуство и на перитонзиларен абсцес на десна страна којшто амбулантски е инцизиран, додадено и кортикостероид (metilprenisolone) во терапија. И покрај направената инцизија кај пациентот состојбата рапидно прогредира за да следниот ден на контролен преглед целата вратна регија е во изразен оток , предоминантно субментално и паротидно со прогресија према букален простор. Поради афекција на дишен пат, отежнато дишење, фиберскопски наод за оток на епиглотис и ларингеални структури со загозен простор за дишење кај пациентот се поставува индикација за итна трахеотомија. Истата е спроведена во ОЕТ Анестезија и покрај предизвиците за истата бидејки станува збор за пациент со нерегулирана антихипертензивна терапија и ограничен простор за интубација. Реализирана субментална инцизија со која се ослободува субментален простор и се овозможува дренажа на истиот. Пациентот е хоспитализиран на двојна антибиотска терапија, кортико терапија и константна опсервација. На дневно ниво кај истиот се прават тоалета преврски и локални промивки со антибиотик во самата инцизија. Резултати: По 4 дневен хоспитален третман пациентот е стабилен , се чека извештај од комплутеризирана томографија на глава и врат по што може ке се наложи дополнителна инцзија на некој од вратните простори. Притоа пациентот редовно се храни и хидрира, поставена назогастрична сонда. Регулирана антихипертензивна терапија , и константно следење на лабораториски параметри, од кои бие се издвоило дека за само 4 дена од хоспиталниот третман вредноста на ЦРП е намалена од 470мг/Л на 87мг/Л. Притоа при сите следни инцизии ке се внимава да не настанат големи кожни дефекти, којшто искуствено прават дополнителна компликација во натамошно заздравување. Заклучок: Компликациите од инфективните процеси на горен аеродигестивен тракт треба да се перцепираат како озбилни состојби од сите лекари, како во примарните така и во терциерните специјалистички установи. Времето е од круцијално значење во третманот на истите , и навремено превзементи медицински чекори во право време можат да го сменат текот на лекувањето. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/24023 | ISSN: | 0025/1097 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Conference papers |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Случај 20th MLD Congress.JPG | 190.22 kB | JPEG | ![]() View/Open | |
Front Page 20th MLD Congress.JPG | 94.62 kB | JPEG | ![]() View/Open |
Page view(s)
142
checked on 11.7.2024
Download(s)
23
checked on 11.7.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.