Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/24710
Наслов: | Стандардите на Хашката конференција за меѓународно приватно право и ЕУ поврзани со прекуграничната наплата на издршка со осврт на Република Македонија | Authors: | Rumenov, Ilija | Keywords: | меѓународна надлежност, колизиони норми, издршка, ЗМПП, Хашката конвенција од 2007 година, Хашкиот протокол од 2007 година, Регулативата бр. 4/2009 | Issue Date: | 10-мај-2018 | Publisher: | Институт за правно-економски истражувања и едукација Јуридика Прима | Source: | Руменов И., Стандардите на Хашката конференција за меѓународно приватно право и ЕУ поврзани со прекуграничната наплата на издршка со осврт на Република Македонија , 4-th INTERNATIONAL SCIENTIFIC CONFERENCE OHRID SCHOOL OF LAW – 2018 | Series/Report no.: | Меѓународна научна конференција Охридска школа на правото;Vol.8 | Conference: | Охридска школа на правото. Реформи во правото : чекор поблиску до владеењето на правото / 4-та Меѓународна научна конференција 10-13 Мај 2018 Охрид ; | Abstract: | Правните правила во Република Македонија кои се однесуваат на прекугранична наплата на побарувањата за издршка се повеќе или помалку непроменети од донесувањето на Законот за решавањето на судирот на законите со прописите на другите држави (ЗРСЗ) од 1982 година. Тоа значи дека одредбите за определување на меѓународна надлежност и колизионите норми во Законот за меѓународно приватно право на Република Македонија (ЗМПП) полнат 35 години.Во меѓувреме Хашката конференција за меѓународно приватно право во рамките на своите овластувања создаде два нови меѓународни договора: Хашката конвенција за меѓународна наплата на издршка на децата и други форми на семејна издршка од 2007 година и Хашкиот Протокол за меродавното право на обврската за издршка од 2007 година кои предвидуваат нови правила за определувањето на меродавното право. Во исто време, Европската унија ја донесе Регулативата бр. 4/2009 која содржи правила за определувањето на надлежноста, меродавното право, признавањето и извршувањето на странските одлуки и соработката во делот на обврската за издршка.Во овој контекст, Република Македонија (како држава кандидат за членство во ЕУ) се соочува со современи предизвици да го прилагоди својот правен систем на овие нови јурисдикциони критериуми и колизиони норми создадени во рамките на Хашката конференција и ЕУ. Овој труд најпрвин ќе даде краток осврт на постојните правила во Законот за меѓународно приватно право од 2007 година кои се однесуваат на обврската за издршка во Република Македонија и ќе ги спореди со правните правила предвидени во Хашките конвенции и регулативите на ЕУ и второ ќе се осврне на околностите кои и стојат на патот на Република Македонија во адаптирањето на правниот систем со правилата на Хашката конференција и ЕУ. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/24710 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Conference papers |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Руменов И., СТАНДАРДИТЕ НА ХАШКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА.pdf | 2.33 MB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.