Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24825
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorКатерина Николоскаen_US
dc.contributor.authorИва Малахова Ѓорескаen_US
dc.contributor.authorЈосиф Ѓорескиen_US
dc.contributor.authorИво Ќаевen_US
dc.contributor.authorЕлена Џиковаen_US
dc.date.accessioned2022-12-12T13:50:31Z-
dc.date.available2022-12-12T13:50:31Z-
dc.date.issued2020-
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/24825-
dc.description.abstractАПСТРАКТ Резиме: Во денешно време голем предизвик во акушерството претставува предвременото породување и пронаоѓање на начин односно метода за намалување на ризикот за негово настанување. Тоа е секое породување кое настанува помеѓу 24 и 37 гестациска недела. Во нашата земја предвременото породување има преваленца од 12 %. Моменталните дијагностички процедури достапни за одредување на ризик на овој мошне значаен проблем во нашата држава се доста оскудни. Одредување на концентрацијата на одредени биомаркери и нивната концентрација во амнионската течност има мошне големо значајње во предвидување и дијагностика на овој проблем а со тоа и навремено постапување. Цитокините се од исклучително значење во бременоста а се произведуваат од страна на постелката во амнионската течност а постои можност тие да се зголемат доколку постои некој тригер на интраамнионска инфламација или инфекција кој би влијаел и допринел за нивно зголемување. Цел на студијата: е да се докаже влијанието на TNF-α и неговата концентрација во амнионската течност при постоењето на интраутерина инфламација или инфекција. Материјал и методи: Во оваа проспективна, лонгитудинална студија беа вклучени 74 пациентки кај кои беше извршена медицински индицирана амниоцентеза во раното второ тримесечје. Оваа студија се изведуваше на Клиниката за гинекологија и акушерство и на Институтот за имунологија и хумана генетика, Скопје, Р.Северна Македонија. При влез во студијата и потпишување согласност за учество во неа се вршеше ултразвучен преглед, по што следуваше амниоцентезата при што се земаа дополителни 5 мл амнионска течност во која пак потоа се одредуваа концентрациите на, TNF-α. Сите пациентки се следеа до датумот на нивното породување . Резултати: Сите 74 пациентки беа во периодот од 18 г.н. до 23 г.н. Кај 12 од вкупно 74 пациентки беше нотирано предвремено породување, за разлика од останатите 62 се породија во текон на нивниот термин. Пациентките предвреме породени имаа сигнификантно различни концентрации на ТNF-α во амнионската течност (p=0.0013). Во групата породени пред 37-ма г.н. беа измерени значајно повисоки ТNF-α вредности. Овој инфламаторен маркер во амнионската течност имаше просечна вредност од 12.04 ± 26.6 pg/ml кај пациентките предвреме породени, а 4.04 ± 2.1 pg/ml кај пациентките породени во термин; средните концентрации на ТNF-α во двете групи пациентки изнесуваа 6.67 и 3.96 pg/ml консеквентно. Заклучок: TNF-α биомаркерот мерен во амнионската течност во вториот триместар се покажаа како одлични предиктори на ризик за предвремено породување кај трудници. Клучни зборови: биомаркери, TNF- α, предвремено породување, амнионска течност, амниоцентеза.en_US
dc.publisherSHMSHM - AAMDen_US
dc.relation.ispartofMEDICUSen_US
dc.subjectбиомаркериen_US
dc.subjectTNF- αen_US
dc.subjectпредвремено породувањеen_US
dc.subjectамнионска течностen_US
dc.subjectамниоцентезаen_US
dc.titleЗГОЛЕМЕНИ КОНЦЕНТРАЦИИ НА TNF-α ВО АМНИОНСКА ТЕЧНОСТ КАКО ЗНАК ЗА РИЗИК ЗА ПРЕДВРЕМЕНО ПОРОДУВАЊЕen_US
dc.typeArticleen_US
item.fulltextWith Fulltext-
item.grantfulltextopen-
crisitem.author.deptFaculty of Medicine-
crisitem.author.deptFaculty of Medicine-
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles
Files in This Item:
File Description SizeFormat 
medicus-dhjetor-2020.pdf2.32 MBAdobe PDFView/Open
Show simple item record

Page view(s)

39
checked on Jul 11, 2024

Download(s)

17
checked on Jul 11, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.