Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24825
Наслов: ЗГОЛЕМЕНИ КОНЦЕНТРАЦИИ НА TNF-α ВО АМНИОНСКА ТЕЧНОСТ КАКО ЗНАК ЗА РИЗИК ЗА ПРЕДВРЕМЕНО ПОРОДУВАЊЕ
Authors: Катерина Николоска
Ива Малахова Ѓореска 
Јосиф Ѓорески
Иво Ќаев 
Елена Џикова 
Keywords: биомаркери
TNF- α
предвремено породување
амнионска течност
амниоцентеза
Issue Date: 2020
Publisher: SHMSHM - AAMD
Journal: MEDICUS
Abstract: АПСТРАКТ Резиме: Во денешно време голем предизвик во акушерството претставува предвременото породување и пронаоѓање на начин односно метода за намалување на ризикот за негово настанување. Тоа е секое породување кое настанува помеѓу 24 и 37 гестациска недела. Во нашата земја предвременото породување има преваленца од 12 %. Моменталните дијагностички процедури достапни за одредување на ризик на овој мошне значаен проблем во нашата држава се доста оскудни. Одредување на концентрацијата на одредени биомаркери и нивната концентрација во амнионската течност има мошне големо значајње во предвидување и дијагностика на овој проблем а со тоа и навремено постапување. Цитокините се од исклучително значење во бременоста а се произведуваат од страна на постелката во амнионската течност а постои можност тие да се зголемат доколку постои некој тригер на интраамнионска инфламација или инфекција кој би влијаел и допринел за нивно зголемување. Цел на студијата: е да се докаже влијанието на TNF-α и неговата концентрација во амнионската течност при постоењето на интраутерина инфламација или инфекција. Материјал и методи: Во оваа проспективна, лонгитудинална студија беа вклучени 74 пациентки кај кои беше извршена медицински индицирана амниоцентеза во раното второ тримесечје. Оваа студија се изведуваше на Клиниката за гинекологија и акушерство и на Институтот за имунологија и хумана генетика, Скопје, Р.Северна Македонија. При влез во студијата и потпишување согласност за учество во неа се вршеше ултразвучен преглед, по што следуваше амниоцентезата при што се земаа дополителни 5 мл амнионска течност во која пак потоа се одредуваа концентрациите на, TNF-α. Сите пациентки се следеа до датумот на нивното породување . Резултати: Сите 74 пациентки беа во периодот од 18 г.н. до 23 г.н. Кај 12 од вкупно 74 пациентки беше нотирано предвремено породување, за разлика од останатите 62 се породија во текон на нивниот термин. Пациентките предвреме породени имаа сигнификантно различни концентрации на ТNF-α во амнионската течност (p=0.0013). Во групата породени пред 37-ма г.н. беа измерени значајно повисоки ТNF-α вредности. Овој инфламаторен маркер во амнионската течност имаше просечна вредност од 12.04 ± 26.6 pg/ml кај пациентките предвреме породени, а 4.04 ± 2.1 pg/ml кај пациентките породени во термин; средните концентрации на ТNF-α во двете групи пациентки изнесуваа 6.67 и 3.96 pg/ml консеквентно. Заклучок: TNF-α биомаркерот мерен во амнионската течност во вториот триместар се покажаа како одлични предиктори на ризик за предвремено породување кај трудници. Клучни зборови: биомаркери, TNF- α, предвремено породување, амнионска течност, амниоцентеза.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24825
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
medicus-dhjetor-2020.pdf2.32 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

39
checked on 11.7.2024

Download(s)

17
checked on 11.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.