Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25292
Наслов: АНАЛИЗА НА СТАВОВИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СО РАЗЛИЧНИ ДЕМОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ВО ОДНОС НА КАРТИЧКИТЕ ЗА ЛОЈАЛНОСТ
Authors: Брзовска, Ежени 
Keywords: картички за лојалност, демографски карактеристики, малопродажен објект
Issue Date: 2018
Publisher: Економски факултет Скопје
Journal: Годишник при Економски факултет - Скопје
Abstract: Постоењето на се поголем број на малопродажни објекти за производи за широка потрошувачка го зголеми значењето на картичките за лојалност кои допринесуваат за поголемо задоволство на потрошувачите. Во периоди на изразена конкуренција и зголемени очекувања на потрошувачите, малопродажните објекти се заинтересирани за задржување на постоечките потрошувачи. Ефектот од картичките за лојалност e модериран од карактеристиките на потрошувачите, и се очекува да има соодветно влијание во однос на бројот на посети и трошењата во малопродажните објекти. Целта на трудот е да се детерминираат статистички значајните разлики кај потрошувачите со различни демографски карактеристики во однос на ставовите за прифатеноста на картичките за лојалност. Kruskal – Wallis тестот покажа статистички значајни разлики во однос на ставовите на потрошувачите за прифатеноста на картичките за лојалноста кај полот, возраста и приходите на испитаниците. Соодветно имплемтирање на потребите на целните групи може да допринесе за поголемо задоволство од користењето на картичките за лојалност од страна на потрошувачите..
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25292
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Прикажи целосна запис

Page view(s)

75
checked on 24.7.2024

Download(s)

11
checked on 24.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.