Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/25887
Title: | Клучните макроекономски политики во услови на современата економска криза, со посебен осврт на Македонија | Other Titles: | The key macroeconomic policies in terms of the contemporary economic crisis, with a special focus on Macedonia | Authors: | Trenovski, Borce | Keywords: | школи на економска мисла, економски циклуси, оптимална економска политика, монетарна политика, фискална политика, глобалната економска криза, Р. Македонија | Issue Date: | 2013 | Publisher: | Економски факултет - Скопје, УКИМ | Source: | Треновски, Борче (2013). Клучните макроекономски политики во услови на современата економска криза, со посебен осврт на Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Економски факултет, УКИМ | Abstract: | Кон крајот на минатиот и почетокот на овој век, во економската наука (бројни конференции, трудови, книги, јавни дебати итн.) се сметаше дека не постои сериозна опасност од големи економски флуктуации, дека економскиот циклус е „мртов― и дека инструментариумот на економската политика успешно може да се справи со секој предизвик. Меѓутоа, денешната глобална економска криза ги разниша тие убедувања, а со тоа ги разниша не само темелите на економската политика, туку и теоретските фундаменти на тие политики. Глобалнaта економска криза беше причина за актуелизирање на прашањата и дилемите поврзани со дизајнирањето на клучните макроекономски политики (фискалната и монетарната) – нивните меѓусебни интеракции, како и нивната ефикасност/ефекти на останатите макроекономски варијабли. Оваа криза беше причина, од една страна, за откривање на границите на монетарната политика, нивно редизајнирање со спроведување бројни неконвенционални мерки, а од друга страна, причина за зголемување на значењето и фокусот кон експанзивните фискални политики (посебно кај економиите со доволен фискален простор) и нивната улога во стабилизирањето/стимулирањето на економската активност. Прифаќајќи го овој предизвик, истражувањето во докторската дисертација го фокусираме на економската теорија, економската стварност и креирањето на економската политика (пред сè, фискалната и монетарната политика), во контекст на предизвиците што ги наметна денешната глобална економска криза. Акцент е ставен на дизајнирањето на клучните макроекономски политики во глобални рамки сопосебен осврт на специфичната ситуација во Р. Македонија. Нашата основна цел претставува најпрвин да се утврдат причините, трансмисијата и последиците што ги предизвика глобалната економска криза, а потоа да се утврдат лекциите за дизајнирање оптимални макроекономски политики кои успешно ќе се справуваат со ваквите предизвици во иднина (САД, ЕУ, земјите во развој). Посебен осврт е направен на трансмисијата на глобалната криза, одговорот од економските политики, нивните интеракции и ефикасност во Р. Македонија, со цел да се дадат конкретни препораки за креирање оптимална макроекономска политика во иднина. | Description: | Докторска дисертација одбранета во 2013 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Горан Петревски. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/25887 |
Appears in Collections: | Faculty of Economics 05: PhD Theses / Докторски дисертации |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
BorceTrenovski2013.pdf | 9.7 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
80
checked on Jul 24, 2024
Download(s)
32
checked on Jul 24, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.