Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/25887
Наслов: | Клучните макроекономски политики во услови на современата економска криза, со посебен осврт на Македонија | Other Titles: | The key macroeconomic policies in terms of the contemporary economic crisis, with a special focus on Macedonia | Authors: | Trenovski, Borce | Keywords: | школи на економска мисла, економски циклуси, оптимална економска политика, монетарна политика, фискална политика, глобалната економска криза, Р. Македонија | Issue Date: | 2013 | Publisher: | Економски факултет - Скопје, УКИМ | Source: | Треновски, Борче (2013). Клучните макроекономски политики во услови на современата економска криза, со посебен осврт на Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Економски факултет, УКИМ | Abstract: | Кон крајот на минатиот и почетокот на овој век, во економската наука (бројни конференции, трудови, книги, јавни дебати итн.) се сметаше дека не постои сериозна опасност од големи економски флуктуации, дека економскиот циклус е „мртов― и дека инструментариумот на економската политика успешно може да се справи со секој предизвик. Меѓутоа, денешната глобална економска криза ги разниша тие убедувања, а со тоа ги разниша не само темелите на економската политика, туку и теоретските фундаменти на тие политики. Глобалнaта економска криза беше причина за актуелизирање на прашањата и дилемите поврзани со дизајнирањето на клучните макроекономски политики (фискалната и монетарната) – нивните меѓусебни интеракции, како и нивната ефикасност/ефекти на останатите макроекономски варијабли. Оваа криза беше причина, од една страна, за откривање на границите на монетарната политика, нивно редизајнирање со спроведување бројни неконвенционални мерки, а од друга страна, причина за зголемување на значењето и фокусот кон експанзивните фискални политики (посебно кај економиите со доволен фискален простор) и нивната улога во стабилизирањето/стимулирањето на економската активност. Прифаќајќи го овој предизвик, истражувањето во докторската дисертација го фокусираме на економската теорија, економската стварност и креирањето на економската политика (пред сè, фискалната и монетарната политика), во контекст на предизвиците што ги наметна денешната глобална економска криза. Акцент е ставен на дизајнирањето на клучните макроекономски политики во глобални рамки сопосебен осврт на специфичната ситуација во Р. Македонија. Нашата основна цел претставува најпрвин да се утврдат причините, трансмисијата и последиците што ги предизвика глобалната економска криза, а потоа да се утврдат лекциите за дизајнирање оптимални макроекономски политики кои успешно ќе се справуваат со ваквите предизвици во иднина (САД, ЕУ, земјите во развој). Посебен осврт е направен на трансмисијата на глобалната криза, одговорот од економските политики, нивните интеракции и ефикасност во Р. Македонија, со цел да се дадат конкретни препораки за креирање оптимална макроекономска политика во иднина. | Опис: | Докторска дисертација одбранета во 2013 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Горан Петревски. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/25887 |
Appears in Collections: | Faculty of Economics 05: PhD Theses / Докторски дисертации |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
BorceTrenovski2013.pdf | 9.7 MB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.