Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25913
Title: Оперативен третман на скршеници на талус – 3 годишно искуство на Клиниката за трауматологија при ЈЗУ ТОАРИЛУЦ
Authors: Mihajlova Ilie, Radmila Mila
Memeti, Mualјa
Memeti, Vulnet
Krstevski, Stefan 
Demiri, Ismet
Keywords: талус
оперативен третман
незадоволителен исход
Issue Date: 2020
Publisher: SHMSHM - AAMD
Journal: Medicus
Abstract: Скршеници на талусот се несекојдневни, претставуваат околу 0,1% од сите скршеници. По калканеусот, талусот е најчесто скршена коска од тарзусот. Фрактурите на вратот се околу 50% од сите фрактури на талусот, односно 45% според студијата на Elgafy et al (2000). Meнаџирањето на овие фрактури е голем предизвик од повеќе аспекти. Анатомска редукција на скршеници на талус е неопходна поради тоа што поголемиот дел од површината е зглобна и оптеретувачка површина. На клиниката за Трауматологија во периодот 2017 до 2020 година, беа хирушки третирани 14 скршеници на талус. Од нив 10 беа машки пациенти, а 4 женски пациенти. Средна возраст на пациентите беше 44 години. Во оваа студија беа вклучени само пациенти кои ги исполнија инклузионите услови, оперативно третирани скршеници и потпишана согласност за учество во истражувањето. Кај сите пациенти се направи крвава репозиција и остеосинтеза со шрафови или реконструктивна плочка. Постоперативно сите пациенти беа имобилизирани со гипс имобилизација во тек на следните 14дена. Сите пациенти постоперативно беа на терапија со LMWH, антибиотска терапија во тек на 5 дена и аналгетска терапија. Од 14 испитаници, одличен резултат имаше кај 2-ца пациенти, а добар резултат кај 8 пациенти, незадоволителен резултат кај 3-ца пациенти и лош кај еден пациент. Оваа повреда е многу ретка за да се изнесат и споредат поголеми студии. Сепак сите поголеми студии од референтни траума центри водат кон истиот заклучок, а тоа е дека менаџментот на овие фрактури е комплексен, зависи многу од постигнување на апсолутна анатомска редукција, но исходот сепак и тогаш може да не е задоволитен поради сложената биологија на оваа тарзална коска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25913
ISSN: 1409-6366
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
160910477264440.pdf501.99 kBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

50
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

77
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.