Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/25913
Наслов: | Оперативен третман на скршеници на талус – 3 годишно искуство на Клиниката за трауматологија при ЈЗУ ТОАРИЛУЦ | Authors: | Mihajlova Ilie, Radmila Mila Memeti, Mualјa Memeti, Vulnet Krstevski, Stefan Demiri, Ismet |
Keywords: | талус оперативен третман незадоволителен исход |
Issue Date: | 2020 | Publisher: | SHMSHM - AAMD | Journal: | Medicus | Abstract: | Скршеници на талусот се несекојдневни, претставуваат околу 0,1% од сите скршеници. По калканеусот, талусот е најчесто скршена коска од тарзусот. Фрактурите на вратот се околу 50% од сите фрактури на талусот, односно 45% според студијата на Elgafy et al (2000). Meнаџирањето на овие фрактури е голем предизвик од повеќе аспекти. Анатомска редукција на скршеници на талус е неопходна поради тоа што поголемиот дел од површината е зглобна и оптеретувачка површина. На клиниката за Трауматологија во периодот 2017 до 2020 година, беа хирушки третирани 14 скршеници на талус. Од нив 10 беа машки пациенти, а 4 женски пациенти. Средна возраст на пациентите беше 44 години. Во оваа студија беа вклучени само пациенти кои ги исполнија инклузионите услови, оперативно третирани скршеници и потпишана согласност за учество во истражувањето. Кај сите пациенти се направи крвава репозиција и остеосинтеза со шрафови или реконструктивна плочка. Постоперативно сите пациенти беа имобилизирани со гипс имобилизација во тек на следните 14дена. Сите пациенти постоперативно беа на терапија со LMWH, антибиотска терапија во тек на 5 дена и аналгетска терапија. Од 14 испитаници, одличен резултат имаше кај 2-ца пациенти, а добар резултат кај 8 пациенти, незадоволителен резултат кај 3-ца пациенти и лош кај еден пациент. Оваа повреда е многу ретка за да се изнесат и споредат поголеми студии. Сепак сите поголеми студии од референтни траума центри водат кон истиот заклучок, а тоа е дека менаџментот на овие фрактури е комплексен, зависи многу од постигнување на апсолутна анатомска редукција, но исходот сепак и тогаш може да не е задоволитен поради сложената биологија на оваа тарзална коска. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/25913 | ISSN: | 1409-6366 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
160910477264440.pdf | 501.99 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.