Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26693
Наслов: Some risk factors - factors of hostess in development of basal cell carcinoma in the eyelid
Other Titles: Некои ризик фактори - фактори на домаќинот во развој на basal cell carcinoma на очниот капак
Authors: Isjanovski, Igor 
Stavrikj, Dejan
Isjanovski, Viktor 
Issue Date: 2010
Publisher: SHMSHM / AAMD
Journal: Medicus
Abstract: РЕЗИМЕ: basal cell carcinoma (BCC) е вообичаено најзастапениот малигном кај луѓето и преставува приближно 80% од сите не меланома кожни карциноми, кој најчесто се регистрира на очните капаци. Не постои една причина која е одговорна во настанувањето на BCC, учествуваат повеќе фактори во развитокот на BCC, т.е. се регистрира мултифакторијалност во етиопатогенезата. Еден од ризик факторите кои учествуваат во развивањето на BCC на очниот капак се фактори на домаќинот: светол тен, плава/црвена коса, возраст, пол и регистрација на бемки/дамки. BCC е почест кај машкиот од женскиот пол, односот е 2:1. Повеќето од нив се мажи-67%, а жени-33%, процентуалната разлика е сигнификантна за p<0,05). Просечната возраст изнесува 68,03  10,8г. Приближно 72% од случаите, BCC се регистрира на возраст над 60 год. Според вкрстениот однос(ОР): Возраста над 60 год. е ризик кој ја зголемува шансата за регистрација на BCC на очниот капак за скоро два пати; Светол тен е сигнификантен ризик кој ја зголемува шансата за регистрација на BCC на очниот капак за три пат; Плаво/црвена коса е ризик кој ја зголемува шансата за регистрација на BCC на очниот капак за пет пати; Регистрацијата на бемки/дамки е сигнификантен ризик кој ја зголемува шансата за регистрација на BCC на очниот капак за петнаесет пати
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26693
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Files in This Item:
File SizeFormat 
IMG_2472.HEIC3.25 MBUnknownView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

28
checked on 24.7.2024

Download(s)

3
checked on 24.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.