Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/26868
Наслов: | Down синдром - рефрактивен развој | Authors: | Љубиќ, Антонела Трајковски, Владимир Димитрова, Галина Станковиќ, Бранислав |
Keywords: | Down синдром хиперметропија миопија бифокални очила скрининг насоки |
Issue Date: | јун-2022 | Publisher: | Лекарска комора на Македонија | Source: | Љубиќ А, Трајковски В, Димитрова Г, Станковиќ Б. Down синдром ‒ рефрактивен развој. Vox Medici 2022; 30 (115): 53-55. | Journal: | Vox Medici | Abstract: | Down синдромот (Трисомија 21) (ДС) претставува најчеста генетска аномалија кај која освен менталната ретардација се јавуваат и бројни карактеристични системски и офталмолошки манифестации. Преваленцијата на рефрактивните аномалии кај ДС се движи од 30-98 %. Лонгитудиналните студии за рефрактивниот развој кај децата со ДС, потврдуваат дека постои нарушување на нормалниот процес на еметропизација. Биометриските студии на оптичките медиуми кај ДС покажаа високи кератометриски вредности и истенчена корнеална строма, како и потенка леќа и нејзина послаба диоптерска јачина. Поради високата преваленција на нарушување на акомодацијата, оваа популација од најраното детство има потешкотии при читање од близина. Поради тоа, се препорачува употреба на бифокални или прогресивни очила уште од детска возраст. Поради високата зачестеност на окуларната патологија е потребно сите лица со ДС, да се вклучат во континуирани скрининг програми. Скрининг насоките треба да се следат во смисла на офталмолошки прегледи: на едномесечна возраст, потоа на една година, на две до три години, на пет - шест години (пред почетокот на училиште) и потоа следствено на секои пет години. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/26868 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Down syndrome - refraktiven razvoj.pdf | 793.62 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.