Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/27343
Наслов: | ЕФЕКТОТ НА ХИПЕРБАРНАТА ОКСИГЕНО ТЕРАПИЈА – КАКО АДЈУВАНТНА ТЕРАПИЈА ВО ЗАЗДРАВУВАЊЕТО НА ХРОНИЧНИТЕ РАНИ | Authors: | Брешковска, Христина Ѓорѓеска, Андријана Пенева, Маргарита Џокиќ, Ѓорѓе Николовска, Сузана Дума, Силвија Дохчева Карајованов, Ивана Граматниковски, Никола Тодоровска, Лидија |
Keywords: | хипербарна оксигенотерапија (ХБОТ) хронична рана кислород АТА (апсолутни атмосфери) |
Issue Date: | 2019 | Publisher: | SHMSHM / AAMD | Journal: | Medicus | Abstract: | Преваленцата на хроничните бавно зараснувачки рани во развиените земји е 1-2% од генералната популација и е слична со преваленцата на срцевите заболувања. За жал морбидитетот и трошоците за третман на хроничните рани се често игнорирани од општеството бидејки преставуваат мултидисциплинарен проблем. Според последните податоци во САД за само една година 6,5 милиони луѓе побарале медицинска помош за хронични рани што ја чинело државата 25 милиони долари. Хроничните рани претставуваат рани каи кои редоследот и времето на репаративните процеси се нарушени. Поради тоа е оневозможено воспоставување на анатомски и функционален интегритет на ткивото. Хроничните раниимаат значајно влијание на здравјето и квалитетот на живот на пациентот и нивните семејства предизвикувајќи болка,инвалидитет,депресија,социјалнаизолација,финансиски трошоци,пролонгирана хоспитализација и смртен исход. Материјал и метод -Во студијата беа вклучени 30 пациенти над 18 години со рани кои перзистираат повеќе од 4 недели и кои се поголеми од 1 cm². Резултати - Резултатите покажаа дека во сите три групи беше добиено сигнификантно намалување на површината на раната (по 40 ХБО експозиции во првите две групи) во период од два месеци (p < 0.01). Заклучок- Хипербарната оксигено терапија како адјувантен третман заедно со стандардната обработка на раните овозможува нивно поефикасно зараснување, а со тоа придонесува за намалување на хоспитализацијата, инвалидноста и го подобрува квалитетот на животот на пациентите. Од двата протоколи на ХБОТ подобри резултати во третманот на раните покажа протоколот од 2.2 АТА 90 минути и 40 експозиции. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/27343 | ISSN: | ISSN 1409-6366 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Efektot na hiperbarnata oksigeno terapija kako adjuvantna terapija vo zazdravuvanjeto na hronicnite rani.pdf | 2.38 MB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.