Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/28418
Наслов: | Предикција на морталитет кај пациенти со тешка вонболнички стекната пневмонија | Authors: | Spasovska, Katerina | Keywords: | вонболнички стекната пневмонија ризик фактори индекси на тежина прогноза исход |
Issue Date: | апр-2022 | Abstract: | Цел на студијата: да се идентификуваат фактори за предикција на морталитетот кај пациенти со тешка вонболнички стекната пневмонија и да се евалуира значењето на индексите на тежина на болест и предиктивните скор системи за прогноза на исходот кај пациентите со тешка вонболнички стекната пневмонија. Материјал и методи: Истражувањето е проспективно, дескриптивно, групно споредбено и е изведено на одделот за интензивна нега при Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје во период од 1 јануари 2017 до 31 декември 2019 година. Во студијата се вклучија возрасни пациенти со клинички и рентгенграфски верификувана вонболнички стекната пневмонија, поделени во две групи според исходот: група на преживеани и група на починати. При вклучувањето во студијата бележани се демографските податоци и коморбидностите. При приемот, како и 24 и 48 часа подоцна мерени се физиолошките и лабораториските параметри и се пресметувани индексите на тежина на болест CURB-65, SCAP, SOFA, SAPSII, APACHEII и MPM0,24,48. Варијаблите од униваријантната анализа кои покажаа значајна разлика во однос на исходот се употребени за изработка на мултиваријантна бинарна логистичка регресивна анализа со исходот како зависен фактор, со која се добиени независните предиктори на смртен исход. Индексите на тежина на болест се евалуирани според специфичноста, сензитивноста и зоната под кривата на Receiver Operating Curve (ROC) анализата. Резултати: во студијата беа вклучени 129 пациенти, со просечна возраст од 61.07±16.36 години, а 66.7% беа мажи. Вкупниот 30-дневен морталитет изнесуваше 43.4%. Коморбидност беше регистрирана кај 79.1% од сите пациенти. Charlson Comorbidity Index беше повисок кај починатите со средна вредност од 4.11 што покажа значајна асоцираност со исходот. Мултиваријантната анализа при приемот ги идентификува Чарлсоновиот индекс на коморбидност (OR,1.21, 95%CI:1.04-1.41, p=0.014), хипотензијата (OR,0.97, 95%CI:0.95-0.99, p=0.013) и ниската кислородна сатурација (OR,0.94, 95%CI:0.89-1.00, p=0.049) како независни предиктори на исходот. По 24 часа од приемот како независни предиктори се издвоија тахикардијата (OR,1.02, 95%CI:1.00-1.04, p=0.040), хипотензијата (OR,0.97, 95%CI:0.95-0.99, p=0.022) и хипоксемијата (OR,0.99, 95%CI:0.98-0.99, p=0.020). Хипотензијата (OR,0.95, 95%CI:0.92-0.98, p=0.004), хипоксемијата (OR,0.98, 95%CI:0.97-0.99, p=0.002) и серумската уреа (OR,1.06, 95%CI:1.00-1.12, p=0.024) се идентификуваа како значајни предиктори на морталитетот по 48 часа од приемот и овој модел во ROC анализата покажа висока предиктивна вредност од 90% (зона под кривата 0.907). Индекси на тежина на болест кои при приемот имаа значајна асоцираност со исходот беа SCAP, SOFA, SAPSII, APACHEII и MPM0. Во ROC анализата зоните под кривата се движеа од 0.714 на APACHEII до 0.755 на SCAP скорот, додека највисоки вредности на зоната под кривата се добија за MPM и за SOFA скорот мерени по 48 часа од приемот и тоа 0.800 односно 0.839. Заклучок: фактори кои го предвидуваат морталитетот кај пациентите со тешка вонболнички стекната пневмонија при приемот се напреднатата коморбидност, хипотензијата и ниската кислородна сатурација. Во понатамошната еволуција на болеста, тахикардијата, хипотензијата, хипоксемијата и серумската уреа се идентификуваа како показатели на неповолната прогноза. Најчесто применуваните индекси на тежина на болест и предиктивни скор модели адекватно ги идентификуваа пациентите со тешка пневмонија кои имаа зголемен ризик од смртен исход, имаа висока предиктивна вредност и покажаа слично значење за предвидување на морталитетот. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/28418 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: PhD Theses |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Предикција на морталитет кај пациенти со тешка вонболнички стекната пневмонија.pdf | 1.96 MB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.