Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29041
Наслов: Јазична анализа на францускиот препев на „Болен Дојчин“ од Блаже Конески“
Authors: Касапоска-Чадловска Милена
Keywords: Конески, Болен Дојчин, препев, француски јазик
Issue Date: 2022
Publisher: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Journal: Зборник трудови од XLVIII Mеѓународна научна конференција на LIV летна школа на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, Р. Македонија
Conference: XLVIII Mеѓународна научна конференција на LIV летна школа на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура
Abstract: Поемата „Болен Дојчин“ е една од најсугестивните и експресивно најсилни поетски изрази на Конески. Таа почива врз народната легенда за епскиот херој кој на смртната постела копнее за својот последен херојски подвиг со кој ќе го уништи црниот непријател, спасувајќи ја честа на домот и обезбедувајќи си вредна и достојна смрт. Во суштина, „Болен Дојчин“ претставува алузија на човековата средба со самиот себе, на двобојот со сопствената сенка, со другиот, со антихеројот, на човековиот непокор, но и на неговиот неизбежен пораз. Јазикот кој го користи Конески во поемата маестрално ја дестилира душевната состојба на лирскиот субјект во очудени поетски слики, со мачен, тегобен призвук. Се забележува употребата на народна лексика и лексеми со негативен семантички полнеж, но со силна експресивна моќ, а поетскиот ефект дополнително е засилен преку разновидните стилски фигури. Имајќи ги во предвид сложените јазични и естетски обележја на поемата, наша цел во овој труд е да направиме опсежна анализа на нејзиниот препев на француски јазик. Покрај формалната структура, анализата ги опфаќа фонолошкото, морфолошкото, синтаксичкото, семантичкото и лексичкото рамниште на поемата, како и стилските изразни средства кои се среќаваат во неа. Преку анализата, ќе провериме дали и во колкава мера препејувачите успеале да постигнат еквиваленција помеѓу оригиналот и препевот, односно да го пренесат автентичниот поетски сентимент од изворниот во целниот јазик.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29041
ISBN: 978-9989-43-474-7
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Прикажи целосна запис

Page view(s)

22
checked on 24.7.2024

Download(s)

10
checked on 24.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.