Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/29103
Наслов: | Бела книга за приватното обезбедување | Authors: | GJurovski, Marjan | Issue Date: | 2019 | Publisher: | Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување | Abstract: | Безбедноста е човекова потреба и пред сѐ право. Тоа е основна вредност што претставува предуслов за постоење и развој на општествените потсистеми и општеството во целина и поради тоа мора да има адекватна грижа, којашто преку системот на националната безбедност (одбрана, внатрешна безбедност, заштита и спасување, управување со кризи) организирано и ефикасно треба да обезбеди највисок степен на безбедност во општеството. Системот на обезбедување на внатрешната безбедност во сите развиени земји се заснова на работата на традиционалните државни органи и делови, како што се: полицијата, јавното обвинителство, царината, разузнавачките и контраразузнавачките служби, правосудните органи, комуналните полицајци и другите органи на надзор. Секторот за приватното обезбедување е регулирана економска активност. Тоа се занимава со услуги и безбедносни функции. Така, индиректно придонесува за внатрешната безбедност, но воедно значајно треба да ги почитува основните човекови права и слободи преку јасен нормативно регулиран надзор. Приватното обезбедување во Република Северна Македонија е присутно повеќе од две децении и денес е регулирано со посебен закон. Брзиот развој на безбедносниот систем, воведување нови технологии и надзорни потреби и очекувања на современото општество ја дадоа основата за понатамошен развој на приватното обезбедување. Тоа е можно само низ дефинирани јасни цели, односи и улоги на одговорните клучни актери во оваа област. Стратегискиот пристап има за цел да спречи и да елиминира одреден неконтролиран одговор на случувањата во општеството како последица на модерните безбедносни предизвици, ризици и закани. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/29103 | ISBN: | 978-608-66216-8-1 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 02: Monographs / Монографии |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Monografija-BELA-KNIGA-ZA-PRIVATNO-OBEZBEDUVANJE-final.pdf | БЕЛА КНИГА ЗА ПРИВАТНОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ | 770.93 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.