Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/30166
Наслов: | Простата и строга песна во најраната творечка фаза на Конески | Other Titles: | Zbornik radova Njegoševi dani 9 | Authors: | Антоновски, Иван | Keywords: | Блаже Конески, рана творечка фаза, македонска поезија, проста и строга македонска песна, поетика. | Issue Date: | 2023 | Publisher: | Univerzitet Crne Gore, Filološki fakultet Nikšić | Source: | Антоновски, И. 2023. „Простата и строга песна во најраната творечка фаза на Конески“. Zbornik radova Njegoševi dani 9. Nikšić: Univerzitet Crne Gore, Filološki fakultet Nikšić, 209-218. | Conference: | Njegoševi dani 9, Тivat, 7-10. 9.2022. godine | Abstract: | Трудот е посветен на поезијата од најраната творечка фаза на Блаже Конески (1938/9 - 1941), односно на неговите први поетски обиди остварени во раната младост, при што како примарен извор се користи архивска граѓа од неговата оставнина. Посебно внимание во трудот се посветува на поезијата на Конески од овој период којашто е создадена на македонски народен јазик, започнувајќи од неговата прва песна напишана на македонски јазик „Писмо на една мајка“, датирана на 10 март 1939 година. Целта на истражувањето е да се анализираат поетичките особености на поетските почетоци на Конески во контекст на поетичките особености на неговото натамошно поетско творештво. Притоа се отвора прашањето дали поетичките специфики коишто ја дефинираат простата и строга македонска песна е одлика и на оваа фаза од творечкиот пат на великанот, при што се анализира и колку неговото поимање на актуализацијата и следствено иновацијата се препознава во неговите најрани поетски текстови. Констатациите од анализата упатуваат кон согледба дека и во оваа најрана творечка фаза на Конески се забележуваат поетички особености коишто потоа ќе ја дефинираат поетиката на простата и строга македонска песна, како на тематско-мотивски план, така и во однос на стилот. Едновремено се доаѓа до согледба и дека овие песни (барем оние коишто се зачувани) се исто така клучни за реконструкција на лирската биографија на Конески. Значењето на оваа творечка фаза на Конески за неговиот творечки опус, во трудот се оценува и преку присуството на дел од песните од најраниот период во негови книги, пред сè во збирката „Песни“ (1953). | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/30166 | ISBN: | 978-9940-694-38-8 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Conference papers |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
_0429203148_001.pdf | ПРОСТАТА И СТРОГА ПЕСНА ВО НАЈРАНАТА ТВОРЕЧКА ФАЗА НА КОНЕСКИ | 610.68 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.