Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/30185
Наслов: | Молитвите на Конески | Other Titles: | 11 Научен собир на млади македонисти : конференција во чест на проф. Лилјана Минова-Ѓуркова | Authors: | Антоновски, Иван | Keywords: | Блаже Конески, молитва, поетска иновација, интерпретација, лирска биографија | Issue Date: | 2023 | Publisher: | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“ | Source: | Антоновски, И. 2023. „Молитвите на Конески“. 11 Научен собир на млади македонисти: конференција во чест на проф. Лилјана Минова-Ѓуркова. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“, 81-92. | Conference: | 11 Научен собир на млади македонисти (2021 година) | Abstract: | Во поетскиот опус на Блаже Конески има шест песни-молитви објавени во различни творечки фази (стихозбирките датираат од 1953, 1979, 1988, 1991 и 1993 година), а покрај нив, се издвојуваат и други песни коишто имаат молитвени специфики. Но, Конески отстапува од традиционалниот модел на молитвата, дотолку што во некои од песните е евидентна сакрализација на профаното, како и профанизација на сакралното. Со отстапувањето од класичниот молитвен модел, Конески, во овие песни ја остварува актуализацијата и следствено поетската иновација за којашто се залагаше. Овој труд има за цел интерпретација на песните-молитви којашто се интересира токму за актализацијата, притоа анализирајќи ги и семиотичките признаци и ползувањето на интертекстуалноста и деконструкцијата во функција на полисемичноста на поетскиот текст. Преку интерпретацијата на песните-молитви се анализира и дел од длабоко интимното во лирската биографија на Конески, од првата молитва (1953) – љубовна песна во којашто лирскиот објект е изгубената љубов, жената поистоветена со божество, до последната – „Молитва за успокојување“ (1993), објавена непосредно пред физичкото заминување на поетот. | Опис: | Публикацијата е во печат. Приложен е прифатениот материјал. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/30185 | ISBN: | 978-608-234-106-4 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Conference papers |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Иван Антоновски, Млади македонисти.pdf | Молитвите на Конески | 252.76 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.