Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/4564
Title: ЕВОЛУЦИЈАТА НА МЕРЕЊЕТО И УПРАВУВАЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ
Authors: Ефтимов, Љупчо 
Keywords: мерење на организациските перформанси, управување на организациските перформанси, Balanced Scorecard (BSC).
Issue Date: Mar-2009
Publisher: Економски факултет-Скопје
Journal: Магистерски труд
Abstract: На самиот почеток, трудот ги идентификува главните причини за импресивниот интерес кој денес го пројавуваат научниците и менаџерите за проблематиката на мерењето и менаџментот на организациските перформанси. Проследувајќи ја еволуцијата и дефинирајќи ги контурите на ова релативно ново и мултидисциплинарно академско подрачје, всушност се обидува да ја објасни неговата важноста во современите услови на работење. Со примена на сциентометриска анализа или уште позната како анализа на цитираноста/ко-цитираноста изведена врз целокупното научно подрачје кое ја третира оваа проблематика, ги идентификува доминантните концепти и публикации кои ги креираат контурите на оваа нова научна дисциплина, но и клучните предизвици со кои ќе се соочи таа во сопствениот развој. Дефинитивно како највлијателен и доминантен концепт се издвои светски познатиот Balanced Scorecard на кого во трудот му е посветено должно внимание. Како најголеми предизвици кои се наметнуваат во развојот на оваа научна дисциплина се очигледната мултидисциплинарност во истражувањето, како и можните потешкотии кои би се јавиле како резултат на тоа при изградбата на кохезивен систем на знаење. На крајот, врз основа на резултатите од емпириското истражување во 60 македонските компании за примената на современите системи за мерење и управување на перформансите, ќе извршиме компаративна анализа на состојбата на овој план помеѓу развиените земји и Р. Македонија. Откако ќе ја утврдиме очигледната дискрепанца која постои во степенот на примена на BSC во нашата земја, ќе се обидеме да ги дефинираме причините за таквата состојба, како и можните насоки за нејзино подобрување.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/4564
Appears in Collections:Faculty of Economics 04: MA Theses / Магистерски тези

Show full item record

Page view(s)

225
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.