Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/4812
Наслов: Влијанието на емоционалната интелигенција врз лидерството во македонските компании
Authors: Јанеска илиев, Александра 
Keywords: лидерство, емоционална интелигенција, емоционална компетентност, стил на лидерство, организација, трансформационо лидерство, трансакционо лидерство
Issue Date: 2017
Publisher: Економски факултет, УКИМ, Скопје
Source: Јанеска-Илиев, Александра 2017."Влијанието на емоционалната интелигенција врз лидерството во македонските компании", Годишник на Економски факултет-Скопје, том 52(2017)
Abstract: Релативниот придонес на емоционалната интелигенција и во таа смисла способноста да се управува со истата сè повеќе се наметнува во рамките на академската дискусија. Се смета дека емоционалната интелигенција која нема когнитивен карактер потенцијално би можела да обезбеди целосно разбирање на меѓуперсоналното влијание и истовремено лидерството. Лидерството само по себе подразбира и емотивна компонента, па така емоционалната компетентност може позитивно да одрази на ефективноста на лидерите. Во таа насока потребно е да се обезбедат импликации за досегот и влијанието на работата поврзана со емоционалната интелигенција, посебно во насока на лидерството кое претставува, исто така, една специфична димензија на работењето на компаниите. Истовремено, лидерството од своја страна во изминативе неколку декади ја зголеми својата комплексност, па така одговорите за голем број прашања поврзани со истото се бараат на нови места. Без оглед на големината на една компанија, развојот и иднината се потпира на способностите на лидерот, кои несомнено се базираат на различните видови интелигенција, помеѓу кои сè погласни се аргументите и за емоционалната интелигенција. Некои автори одат чекор понатака сметајќи дека баш емоционалната интелигенција е таа која ја наметнува разликата помеѓу успех и неуспех. Се напуштаат парадигмите каде емоциите и бизнисот не можат да најдат заеднички интерес и соодветно да влијаат на ефективноста на работењето. Во рамките на овој труд спроведен е анкетен прашалник, кој вклучува испитаници на различни менаџерски позиции во дел од македонските компании, кои обезбедуваат повратни информации за тоа колкава е поврзаноста помеѓу емоционалната интелигенција и лидерството во секојдневното работење.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/4812
ISSN: 0489-0922
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Годишник на Економски факултет- Скопје 2017_AJ (1).pdf1.36 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

86
Last Week
0
Last month
checked on 24.7.2024

Download(s)

39
checked on 24.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.