Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/6650
Наслов: | Одлучување во услови на ризик и неизвесност | Authors: | Stojkovska, Irena | Keywords: | теорија на одлучување, очекувана вредност, очекувана корисност, теорија на перспектива, теорија на кумулативна перспектива. | Issue Date: | 15-фев-2019 | Publisher: | Природно-математички факултет, Скопје | Проект: | Популаризација на математиката, Природно-математички факултет, Скопје | Journal: | Математички омнибус | Conference: | Трет семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018, ПМФ, Скопје | Abstract: | Носењето одлуки, т.е. одлучувањето, е составен дел од секојдневниот живот на човекот. Многу често при носењето одлуки треба да одбереме една од две или повеќе понудени можности без да бидеме сигурни за последиците од нашиот направен избор. Задача на теоријата на одлучување е изучување и примена на методите за одредување на најдобриот избор во услови на ризик, кога не се знае што ќе се случи, но е позната распределбата на веројатности на сите можни исходи, или, во услови на неизвесност, кога ниту се знае што ќе се случи, ниту е позната распределбата на веројатности на исходите. Теоријата на одлучување е интердисциплинарна област која ја проучуваат и применуваат економистите, статистичарите, психолозите, биолозите, филозофите, а наоѓа примена и во политичките и другите општествени науки, како и во компјутерските науки. Основен постулат на теоријата на одлучување е вреднување на донесената одлука само според последиците од таа одлука. На пример, кај наједноставните проблеми на одлучување во услови на ризик, кај кои на последиците може да им се доделат монетарни вредности, најчесто за најдобра одлука се зема одлуката чии последици имаат највисока очекувана монетарна вредност. Ќе се обидеме преку примери да изложиме некои од повлијателните критериуми (теории) за донесување најдобри одлуки, почнувајќи од критериумот на очекувана вредност, теоријата на очекувана корисност, теоријата на перспектива и теоријата на кумулативна перспектива, односно да согледаме како со помош на математиката може да се измоделира психолошката природа на човекот при процесот на носење одлуки. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/6650 |
Appears in Collections: | Faculty of Natural Sciences and Mathematics: Conference papers |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
ОДЛУЧУВАЊЕ ВО УСЛОВИ НА РИЗИК И НЕИЗВЕСНОСТ.pdf | Article | 116.16 kB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
256
checked on 24.7.2024
Download(s)
64
checked on 24.7.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.