Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6650
Title: Одлучување во услови на ризик и неизвесност
Authors: Stojkovska, Irena 
Keywords: теорија на одлучување, очекувана вредност, очекувана корисност, теорија на перспектива, теорија на кумулативна перспектива.
Issue Date: 15-Feb-2019
Publisher: Природно-математички факултет, Скопје
Project: Популаризација на математиката, Природно-математички факултет, Скопје
Journal: Математички омнибус
Conference: Трет семинар „Математика и примени“, 14-15 декември 2018, ПМФ, Скопје
Abstract: Носењето одлуки, т.е. одлучувањето, е составен дел од секојдневниот живот на човекот. Многу често при носењето одлуки треба да одбереме една од две или повеќе понудени можности без да бидеме сигурни за последиците од нашиот направен избор. Задача на теоријата на одлучување е изучување и примена на методите за одредување на најдобриот избор во услови на ризик, кога не се знае што ќе се случи, но е позната распределбата на веројатности на сите можни исходи, или, во услови на неизвесност, кога ниту се знае што ќе се случи, ниту е позната распределбата на веројатности на исходите. Теоријата на одлучување е интердисциплинарна област која ја проучуваат и применуваат економистите, статистичарите, психолозите, биолозите, филозофите, а наоѓа примена и во политичките и другите општествени науки, како и во компјутерските науки. Основен постулат на теоријата на одлучување е вреднување на донесената одлука само според последиците од таа одлука. На пример, кај наједноставните проблеми на одлучување во услови на ризик, кај кои на последиците може да им се доделат монетарни вредности, најчесто за најдобра одлука се зема одлуката чии последици имаат највисока очекувана монетарна вредност. Ќе се обидеме преку примери да изложиме некои од повлијателните критериуми (теории) за донесување најдобри одлуки, почнувајќи од критериумот на очекувана вредност, теоријата на очекувана корисност, теоријата на перспектива и теоријата на кумулативна перспектива, односно да согледаме како со помош на математиката може да се измоделира психолошката природа на човекот при процесот на носење одлуки.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6650
Appears in Collections:Faculty of Natural Sciences and Mathematics: Conference papers

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
ОДЛУЧУВАЊЕ ВО УСЛОВИ НА РИЗИК И НЕИЗВЕСНОСТ.pdfArticle116.16 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

256
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

64
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.