Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/6652
Наслов: | Математичко моделирање и задачи на Ферми во наставата по математика | Authors: | Suminoska, Biljana Stojkovska, Irena |
Keywords: | математичко моделирање, настава по математика, задачи на Ферми, критичко размислување. | Issue Date: | 23-сеп-2017 | Publisher: | Природно-математички факултет, Скопје | Journal: | Математички омнибус | Conference: | Работилница „Математиката и предвидувањата“, 16 мај 2016, ПМФ, Скопје | Abstract: | Математичко моделирање е активност која ни овозможува да дадеме математички модел на зададена ситуација од секојдневниот живот. Нејзиното решение ни дава подобра слика и разбирање на оригиналната ситуација. Од друга страна, реалната ситуација може да дозволи и креирање на повеќе математички модели кои ја опишуваат „подеднакво добро“. Математичкото моделирање во наставата по математика помага за развивање на креативноста, истражувачкиот дух, помага при суштинското разбирање на интеракцијата меѓу математиката и реалноста, но и за вежбање на предвидувачките способности на учениците. Задачи кои се решаваат со математичко моделирање и со кои може да се вежбаат и предвидувачките способности, се задачите на Ферми, именувани според нобеловецот Енрико Ферми. Овие задачи најчесто подразбираат правење проценки за одредена величина. Карактеристично за овие задачи е што при нивното решавање се бараат длабоки математички и логички вештини, а се бара и критичко размислување, искуство од животот, како и способност да се раздробат посложените задачи на помали дискретни, решливи делови. Во овој труд, најнапред ќе го дефинираме попрецизно поимот математичко моделирање, ќе изложиме дел од резултатите од спроведената анкета за тоа како нашите наставници го разбираат математичкото моделирање. Потоа, ќе се осврнеме на разликата меѓу традиционалното решавање на проблемски задачи и математичкото моделирање. На крајот, низ конкретни примери и резултати од спроведените истражувања, ќе ја илустрираме примената на математичкото моделирање во наставата по математика преку решавање задачи на Ферми. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/6652 |
Appears in Collections: | Faculty of Natural Sciences and Mathematics: Conference papers |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
МАТЕМАТИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ И ЗАДАЧИ НА ФЕРМИ ВО НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА.pdf | Article | 464.32 kB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
116
checked on 24.7.2024
Download(s)
178
checked on 24.7.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.