Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6802
Title: Улогата на производствената структура во економскиот раст на државите од Југоисточна и Централна Европа
Authors: Стојкоски, Виктор
Тевдовски, Драган 
Keywords: економска комплексност, економски раст, панел податоци
Issue Date: 2018
Publisher: Економски факултет - Скопје
Source: Тевдовски, Драган (2018) „Улогата на производствената структура во економскиот раст на државите од Југоисточна и Централна Европа ”, Годишник на Економскиот факултет – Скопје, Том 53, стр. 453-466.
Journal: Годишник на Економскиот факултет – Скопје
Abstract: Индексот на економска комплексност е создаден преку анализа на врските помеѓу државите и производите кои ги извезуваат. Претставен на овој начин, тој ја дефинира основата за теоријата на економска комплексност која го рефлектира знаењето содржано во производствената структура на една економија. Токму знаењето е во сржта на ендогената теорија за економски раст. Досега, сите трудови кои економетриски ја анализираат врската помеѓу економската комплексност и растот користат техники во кои сите држави се вреднуваат еднакво. Меѓутоа, државите се хетерогени – имаат свои карактеристики кои директно ја охрабруваат комплексноста и се во тесна врска со растот. Поради тоа, во овој труд анализата е свртена кон еден регион – Југоисточна и Централна Европа, и, во духот на ендогената теорија, создаден е модел кој адекватно ја опфаќа врската помеѓу растот и економската комплексност. Резултатите покажуваат дека економската комплексност е статистички значаен објаснувач на економскиот раст и создава огромни економски импликации. Сето ова покажува дека економската комплексност открива структура која се залага за развивање на долгорочни стратегии во државите. Овие стратегии служат за развој на производи како начин за акумулирање на способности кои ќе помогнат за воспоставување на долгорочен просперитет и општ развој на нивните економии.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6802
ISSN: 0489-0922
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Show full item record

Page view(s)

131
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.