Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/6847
Наслов: | Проблемот на идентитетот во романите на Орхан Памук и Живко Чинго | Authors: | Tasevska Hadji Boshkova, Iskra | Keywords: | идентитет, наративна структура, постмодернистички постапки, другост, карневализација. | Issue Date: | 2017 | Publisher: | Институт за македонска литература | Journal: | Спектар, Меѓународно списание за литературна наука, год. XXXV, бр. 69. Скопје: Институт за македонска литература, 2017, стр. 101-114. | Conference: | Меѓународен симпозиум „40 години Катедра за турски јазик и книжевност“, одржан на Филолошкиот факултет во Скопје, 18-19 мај 2017 година. | Abstract: | Мултикултурниот свет, кој се манифестира како директна последица од глобализацијата (која, во строго научна смисла, ја предвидe уште Маршал Мек Луан со неговите темелни претпоставки за глобалното село и медиумот како порака), значи можност за темелно превреднување на сите наследени концепти. Тој процес во голема мера се одрази врз новото и активно концептуализирање на поимот идентитет (Бенедикт Андерсон, Вилијам Е. Коноли и др.), што подразбираше најпрво негово поставување во однос на националноста и припадноста кон една поширока заедница воопшто. Нашиот текст се фокусира врз истражувањето на идентитетот и неговите манифестации во романите „Црната книга“ од Орхан Памук и „Бабаџан“ од Живко Чинго, првенствено од аспект на наративната структура и нејзините трансформации во делата на Орхан Памук, како и во однос на навестените постмодернистички постапки во творештвото на Живко Чинго. Поставувањето на двајцата автори во контекстот на употребените наративни техники во нивните дела отвора можност за преиспитување на поширокиот културолошки модел, кој со оглед на активното повикување на минатото (особено кај Чинго), подразбира истражување и на големиот број имаголошки претстави од најразличен вид. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/6847 | ISSN: | 0352-2423 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Орхан Памук и Живко Чинго.pdf | 284.98 kB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.