Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/8634
Наслов: | Дисфункционалност на семејството и разводот: Ефекти врз развојот на децата и адолесцентите | Authors: | Киткањ, Зоран Фрицханд, Ана |
Keywords: | дисфункционално семејство, развод, развој на деца и адолесценти | Issue Date: | 2017 | Publisher: | Јуридика Прима | Source: | Киткањ, З., Фрицханд, А. (2017). Дисфункционалност на семејството и разводот: Ефекти врз развојот на децата и адолесцентите. Зборник на трудови од 3-rd International Scientific Conference “Effective Protection of the Human Rights and Liberties: Reality or Ideal”, Том 6, 275-287 | Abstract: | Во овој труд се разгледуваат карактеристиките на семејството како примарен агенс на социјализација и прва надворешна реалност за поединецот. Притоа, посебен акцент е ставен на дисфункционалните семејства и на негативните ефекти од живеењето и растењето во вакви семејства. Во исто време, во трудот се разгледува и разводот од аспект на појавностите и последиците, како и неговото влијание врз развојот на децата и адолесцентите. Познато е дека зголемувањето на стапката на разводи е глобален тренд и дека помалку или повеќе ги засега речиси сите општества. Иако разводот е стресен настан за сите членови на семејството, кога се во прашање децата емпиријата и праксата покажуваат дека доколку родителите успеат конструктивно да го изменаџираат стресот кој го следи разводот, голем број деца не развиваат негативни симптоми од разводот. Дисфункционалноста на семејството, лошите и несоодветни економски услови, присуството на семејно насилство, запоставувањето на децата и незадоволувањето на нивните базични потреби, присуството на психички растројства кај едниот или двата родители, како и многу други ризик фактори го попречуваат, па дури и го оневозможуваат оптималниот развој на децата и адолесцентите. Резултат од ова неретко се (авто)деструктивни однесувања кои можат да доведат до престапничко однесување и имаат сериозни последици по животот и безбедноста на самиот поединец и на останатите луѓе од неговата непосредна и подалечна средина. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/8634 | ISBN: | 978-608-66152-1-5 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Disfunkcionalnost na semejstvoto i razvodot_new.pdf | 3.03 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
262
checked on 24.7.2024
Download(s)
302
checked on 24.7.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.