Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/14225
Наслов: | Писменост за менталното здравје и намери за барањето помош: испитување на демографски и психолошки корелати | Other Titles: | Mental health literacy and help-seeking intentions: Examining demographic and psychological correlates | Authors: | Наумова, Катерина | Keywords: | писменост за менталното здравје, намери за барање помош, професионална психолошка помош | Issue Date: | 2020 | Publisher: | Филозофски факултет, Скопје | Source: | Наумова, Катерина (2020). Писменост за менталното здравје и намери за барањето помош: испитување на демографски и психолошки корелати. Психологија: наука и практика, Vol. IV (7-8), 55-77. | Journal: | Психологија: наука и практика | Abstract: | Писменоста за менталното здравје (ПМЗ) е повеќеслоен концепт преку кој се одредуваат знаењата и верувањата за менталните растројства, кои помагаат при нивното препознавање, третман и превенција. Целта на ова истражување е да го испита степенот^на ПМЗ во општата популација, неговата поврзаност со намерите за барање професионална помош, како и ефектите на полот, возраста, образованието, психичката вознемиреност, вреднувањето на грижата за сопственото ментално здравје и претходната историја на барање стручна помош. Примерокот се состои од 484 етнички Македонци кои живеат во 15 градови во државата (просечна возраст: 40 години, 51 % се жени, 43 % завршиле високо образование). ПМЗ е мерена преку вињети во кои се илустрирани осум ментални растројства: социјална фобија, генерализирано анксиозно растројство, депресија, опсесивно-компулсивно растројство, шизофренија, панично растројство, деменција и биполарно растројство. Со Прашалникот за барање помош се мерени намерите за барање помош од разни извори, а со Скалата за психичка вознемиреност на Кеслер се мерени актуелни симптоми на анксиозност и депресија. Резултатите укажуваат главно на ниски стапки на препознавање на растројствата наспроти повисок степен на знаења за нивниот третман. Стапките на препознавање варираат значајно, при што највисоки се за депресија и деменција, а најниски за биполарно растројство, социјална фобија и генерализирано анксиозно растројство. Спроведените хиерархиски мултипли регресивни анализи потврдија дека женскиот пол и високото образование, како и пониската психичка вознемиреност и претходно добиената стручна помош, предвидуваат повисока ПМЗ, додека значајни предиктори на актуелните намери за барање професионална помош, се само ПМЗ, психичката вознемиреност, претходно добиената стручна помош и вреднувањето на грижата за сопственото ментално здравје. Наодите се дискутирани во контекст на крос-културни споредби, можни импликации и потреба од интервенции за подобрување на ПМЗ. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/14225 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
PsNP07-08.07 Naumova, K..pdf | 197.27 kB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
106
checked on 24.7.2024
Download(s)
29
checked on 24.7.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.