Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/7635
Наслов: | МОДЕЛ НА ПАРЦИЈАЛНА РАМНОТЕЖА ЗА ЕКС- АНТЕ АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ НА ОДДЕЛНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА | Authors: | Котевска, Ана | Keywords: | АГМЕМОД, модел на парцијална рамнотежа, земјоделска политика, млеко, месо, житарки | Issue Date: | 2010 | Publisher: | Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје | Abstract: | Македонија во моментов се соочува со еден од најголемите предизвици од нејзиното осамостојување – а тоа е процесот на пристапување кон ЕУ. Поаѓајќи од мислата дека „предвидувањето на значајни економски настани е извор на моќ“ (Howitt, 2005) идејата на оваа дисертација е да се развие модел со кој ќе може да се направи екс-анте оцена на влијанието што пристапот кон ЕУ ќе го има врз одредени сегменти од македонското земјоделство, поконкретно пазарите за месо, млеко и житарки. Моделот е рекурзивен, динамичен, мултипроизводен модел на парцијална рамнотежа за пазарите на месо, млеко и житарки во Република Македонија. Изработен е следејќи ги главните принципи на АГМЕМОД моделирањето, прикажувајќи ги специфичностите на македонското земјоделство. Меѓусекторската споредба на базичното сценарио покажува најголем потенцијален развој за секторот на свинско месо, јагнешкото месо и кравјо млеко. Од друга страна, во сценаријата со ЕУ пристап, најпозитивно влијание се очекува кај екстензивните производства, производството на јагнешкото и говедското месо. Житарките покажуваат скромен раст на понудата во ЕУ сценаријата, но проекциите на нето-трговија покажуваат зголемување на увозната зависност за овие производи, резултат на нивната зголемена потрошувачка за добиточна исхрана. Најголемата придобивка доаѓа од повиското ниво на цени и поголемата буџетска поддршка, и споредено со искуствата од претходните проширувања моделот ги потврдува очекувањата за развојот на избраните сектори по пристапот во ЕУ. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/7635 |
Appears in Collections: | Faculty of Agricultural Sciences and Food: PhD Theses |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Disertacija - Ana Kotevska.pdf | 1.49 MB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Page view(s)
184
checked on 24.7.2024
Download(s)
109
checked on 24.7.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.