Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8443
Title: ЕВАЛУАЦИЈА НА ЕФЕКТОТ НА ПОКАЧЕНИОТ ИНТРААБДОМЕНАЛЕН ПРИТИСОК НА ВИСЦЕРАЛНАТА ПЕРФУЗИЈА
Authors: Александра Гавриловска -Брзанов 
Мирјана Шошолчева 
Зорка Николова - Тодорова
Гордана Талеска
Маја Мојсова Мијовска
Марија Јовановски-Срцева 
Вања Џамбазовска Трајковска
Никола Брзанов
Issue Date: Sep-2013
Publisher: Association of the Albanian Doctors from Macedonia
Journal: MEDICUS
Abstract: Вовед: Евалуација на ефектот на покачениот интраабдоменален притисок (ИАП) на висцералната перфузија и претставување на абдоменлниот перфузиски притисок (АПП) како супериорен во однос на средниот артериски притисок при проценување на висцералната перфузија. Материјал и методи: Во студијата беа вклучени 60 пациенти поделени во три групи (според класификацијата од WSACS): група 1. (N=20) пациенти со ИАП 12-15 mmHg, група 2. (N=20) пациенти со ИАП 16-20 mmHg и група 3. (N=20) пациенти со ИАП 21-25 mmHg. Пациентите беа стратифицирани во една од трите групи зависно од вредноста на ИАП добиена во две последователни мерења. Анализирани беа следните параметри: параметар кој се мереше: ИАП, параметар кој се отчитуваше (од мониторот за хемодинамски мониторинг во моментот кога се мереше ИАП):средниот артериски притисок (САП) и параметар кој се пресметуваше по формула: АПП. Резултати: Според демографските податоци не постои статистички сигнификантна разлика односно се работи за хомогена група. Беше регистрирана статистички сигнификантна негативна корелација помеѓу вредностите на ИАП со вредностите на САП и АПП во втората и третата група за p<0.05 и статистички сигнификантна позитивна корелација помеѓу вредностите на САП и АПП во трите групи p<0.05. Заклучоци: Мониторингот на ИАП игра значајна улога во подобрувањето на клиничкиот менаџмент на пациентите. Нормална вредност на САП не е предиктор за соодветна абдоменална органска перфузија, АПП е попрецизен предиктор на висцералната перфузија и супериорен во однос на средниот артериски притисок при проценување на висцералната перфузијa.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8443
ISSN: 1409-6366
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Medicus IAP.pdf8.59 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

90
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

1,460
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.