Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/8443
Наслов: | ЕВАЛУАЦИЈА НА ЕФЕКТОТ НА ПОКАЧЕНИОТ ИНТРААБДОМЕНАЛЕН ПРИТИСОК НА ВИСЦЕРАЛНАТА ПЕРФУЗИЈА | Authors: | Александра Гавриловска -Брзанов Мирјана Шошолчева Зорка Николова - Тодорова Гордана Талеска Маја Мојсова Мијовска Марија Јовановски-Срцева Вања Џамбазовска Трајковска Никола Брзанов |
Issue Date: | сеп-2013 | Publisher: | Association of the Albanian Doctors from Macedonia | Journal: | MEDICUS | Abstract: | Вовед: Евалуација на ефектот на покачениот интраабдоменален притисок (ИАП) на висцералната перфузија и претставување на абдоменлниот перфузиски притисок (АПП) како супериорен во однос на средниот артериски притисок при проценување на висцералната перфузија. Материјал и методи: Во студијата беа вклучени 60 пациенти поделени во три групи (според класификацијата од WSACS): група 1. (N=20) пациенти со ИАП 12-15 mmHg, група 2. (N=20) пациенти со ИАП 16-20 mmHg и група 3. (N=20) пациенти со ИАП 21-25 mmHg. Пациентите беа стратифицирани во една од трите групи зависно од вредноста на ИАП добиена во две последователни мерења. Анализирани беа следните параметри: параметар кој се мереше: ИАП, параметар кој се отчитуваше (од мониторот за хемодинамски мониторинг во моментот кога се мереше ИАП):средниот артериски притисок (САП) и параметар кој се пресметуваше по формула: АПП. Резултати: Според демографските податоци не постои статистички сигнификантна разлика односно се работи за хомогена група. Беше регистрирана статистички сигнификантна негативна корелација помеѓу вредностите на ИАП со вредностите на САП и АПП во втората и третата група за p<0.05 и статистички сигнификантна позитивна корелација помеѓу вредностите на САП и АПП во трите групи p<0.05. Заклучоци: Мониторингот на ИАП игра значајна улога во подобрувањето на клиничкиот менаџмент на пациентите. Нормална вредност на САП не е предиктор за соодветна абдоменална органска перфузија, АПП е попрецизен предиктор на висцералната перфузија и супериорен во однос на средниот артериски притисок при проценување на висцералната перфузијa. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/8443 | ISSN: | 1409-6366 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Medicus IAP.pdf | 8.59 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
90
checked on 24.7.2024
Download(s)
1.460
checked on 24.7.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.